Најдобриот светски хотел е во Крим (фото+видео) – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 12:18 AM

Најдобриот светски хотел е во Крим (фото+видео)

Рускиот хотел Мрија и Спа на Крим е прогласен за најдобар хотел за одмор и одморалиште од страна на Светската туристичка награда.

Според Booking.com соба во хотелот чини околу 230 долари за една ноќ.

Најголемата руска банка Сбербанк потроши 300 милиони долари за изградбата на хотелот Мрија и е единствен сопственик.

Хотелот освои награда во категоријата водечко одморалиште во светот. Руската авиокомпанија “Аерофлот” беше прогласена за најдобар бренд, а градот Санкт Петербург за најголема туристичка дестинација.

Mriya Resort & Spa ја доби наградата за прв пат. Неговите конкуренти во категоријата беа Atlantis The Palm во Дубаи, Casa de Campo во Доминиканската Република, италијанското одморалиште Forte Village Resort и Hyatt Regency Sharm El Sheikh Resort  во Египет.

Хотелот Мрија беше отворен во 2014 година. Одморалиштето е 30 километри од Јалта со 422 соби и вили на површина од 270.000 квадратни метри.

Сопствениците сакаат да изградат винарија, винско училиште, вински ресторан и фабрика за сирење во близина на хотелот.

Минатата година хотелот го посетија повеќе од 100.000 гости и имаа пополнетост од 83 отсто, изјави за весникот Ведомости извршниот директор Грант Бабајан.