Од Кабинетот на Заев тврдат дека СМС пораките се лажна вест.
Потпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска на прес конференција покажа хартии со копии од како што рече преписка на разочаран член на СДСМ со лидерот Зоран Заев. Овие пораки, според Арсовски, ги објавиле медиумите.
– Денеска во медиумите можевме да видиме застрашувачка и срамна потврда на Зоран Заев кој преку комуникација со разочаран член од СДСМ потврдува дека партијата вработила 28.000 партиски членови. Воедно како што вели и самиот партиските вработувања оделе преку општинските организации и штабовите на СДСМ, па за да му помогне на овој разочаран член со кој комуницира, и му се жали дека за него нема вработување ќе морал Зоран Заев да разговара со општинските организации, да му најде некое место, рече портпаролот.
Неколку часа подоцна, партискиот лидер Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ги споменува овие СМС пораки, но, како што пишува ги видел во медимите.
-Денес гледам од одредени медиуми како се пренесуваат СМС пораки од премиерот во кој се фали дека вработил над 28 илјади партиски војници.Ако ова e вистина тоа значи дека за толку ја оптоварил државната администрација, за 28 илјади плати кои ќе ги плаќаат граѓаните, пишува Мицкоски.Категорично тврдиме дека се работи за лажна вест, конструирана содржина, графичка манипулација која единствено има за цел да шири лаги и со тоа да наштети на угледот на премиерот Заев, соопштија од Кабинтетот на премиерот.


