Утре СДСМ на конгрес, ДУИ на Централен совет за претседателските избори – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 10:37 PM

Утре СДСМ на конгрес, ДУИ на Централен совет за претседателските избори

Утре, со почеток во 12:00 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи 23. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,соопштија од владејачката партија.

Конгресот ќе има отворен и работен дел.Отворениот дел ќе биде на почеток и на крајот од Конгресот.

На почеток, во отворениот дел од Конгресот е предвидено е обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.  На крајот, Конгресот повторно ќе биде отворен, медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на избраниот кандидат за претседател на државата.

Утре, во 12:00 часот, претседателот на Демократскта Унија за Интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централниот Совет на партијата кој што ќе се оддржи во седиштето на партијата во Тетово, Мала Речица.

Како што најавија од ДУИ, на седницата ќе се разговара околу претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ како и за процесот на рирегистрација на членството.