Хрватските новинари на протест: „Ни ги одзедовте медиумите, не го даваме новинарството“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 4:03 PM

Хрватските новинари на протест: „Ни ги одзедовте медиумите, не го даваме новинарството“

Фото:  Marko Prpić / PIXSELL

Под мотото „Ни ги одзедовте медиумите, не го даваме новинарството“, хрватските новинари денеска организираа протестен марш против цензурата, а своите барања ги доставија до Универзитетот Загреб и до Владата.

Тие ја повикаа Владата конечно сериозно да ја сфати темата за прогонот на новинарите и нивните проблеми.

„Доста беше прогон на новинарите, доста е од уништување на јавната професија, што трае со децении“, изјави претседателот на Хрватското новинарско друштво (ХНД) Хрвоје Зовко пред Новинарскиот дом. Тој додаде дека Владата „игнорантски се однесува, бидејќи мисили оти игнорирањето е решавање на проблемите“.

Зовко наведе дека тоа го правеле и претходните хрватски влади со што се уништува новинарството“.

„Живееме во земја каде новинарите се осудуваат поради објавување на вистинити информации, па поради тоа, време е да кажеме доста е“.

Тој повтори дека во Хрватска во моментот се водат најмалку 1.163 судски процеси против новинари и нивните медиумски куќи, а „јавниот сервис води крстоносна војна против новинарите, медиумите и ХНД“.

На денешниот протест во знак на поддршка, присуствуваа и новинари од Босна и Херцеговина.