СДСМ: Траорно е во ВМРО-ДПМНЕ поради големата поддршка што Пендаровски ја добива – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 3:46 PM

СДСМ: Траорно е во ВМРО-ДПМНЕ поради големата поддршка што Пендаровски ја добива

Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани – истакнуваат од СДСМ по денешната прес конференција на опозицискиот портпарол, Наум Стоилковски.

По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот – криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност. Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад – додаваат од СДСМ.

Според социјалдемократите, кандидатката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска добива поддршка само од политички кои работат против ЕУ и НАТО.