Стоилковски: Стево Пендаровски повторно ќе биде поразен (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 3:34 PM

Стоилковски: Стево Пендаровски повторно ќе биде поразен (Видео)

Стево Пендаровски е тажен избор кој покажува колку ниско е паднат СДСМ и колку ниско е паднат Зоран Заев, реагираше денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„После пет години да не се најде нов кадар кој што би бил достоен да се кандидира за претседател на Република Македонија е најдобриот доказ дека квалитетните, чесните и искрените поединци одбиваат да ги бранат политиките на Зоран Заев. После пет години да им се понуди на граѓаните кандидат еднаш веќе отфрлен од нив е целосно потценување на народот во надеж дека гласачите кратко помнат и ги заборавиле навредите на Пендаровски кон нив“, изјави денеска на прес конференција партискиот портпарол, Наум Стоилковски.

„Со одлуката да го кандидира Стево Пендаровски, Зоран Заев ги заштитува своите најблиски соработници Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Некој мора да биде поразен, а Спасовски, Шекеринска и Димитров му се поважни на Заев од Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е партиски послушник на Зоран Заев подготвен да клати со главата и да ги аминува сите негови политики. Пендаровски да потсетиме гласаше за двојазичност, легитимираше криминални државни, крвави избори како претседател на ДИК, го советуваше Бранко Црвенковски за аболицијата за Заев, се сложи со трговијата со тиранската платформа, се сложи со бришењето на идентитетот на македонската држава, на македонските граѓани“, додаде Стоилковски.