Над 70 автомобилски гуми извадени од каналот „Студенчишта“ (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 2:35 PM

Над 70 автомобилски гуми извадени од каналот „Студенчишта“ (ФОТО)

Фотографиите зборуваат сами за себе. Во овонеделната акција за чистење на каналот „Студенчишта“ на Охридското Езеро, нуркачите извадија подводно богатство од 70 автомобилски гуми!

Акцијата ја организираше Здружението на рекреативни риболовци и спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид.

– Голема помош при акцијата за чистење добивме од клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, кои дојдоа со двајца нуркачи, д-р Горан Балески и Никола Ристески, кои помогнаа крупниот отпад да се извади од каналот, во делот каде ќе се одржува натпреварот, информираа за Супер радио и OhridPress од клубот „Св. Апостол Петар“.