Креативна работилница за различностите и ретките болести – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 8:49 AM

Креативна работилница за различностите и ретките болести

Националната алијанса за ретки болести денеска организира креативна работилница за деца, со цел да запознае со различностите и ретките болести. Таа е дел од проектот „Системски решенија за пациентите со ретки болести”, во рамките на кампањата за годинашното одбележување на Денот на ретки болести.

Фото: Фејсбук/Национална алијанса за ретки болести

Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на граѓански организации”, која ја имплементираат Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.

За време на работилницата ќе бидат боени лицата на децата како дел од кампањата за поддршка на лицата со ретки болести: „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш”.