Видео како доказ како се трујат гостиварци – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 8:15 PM

Видео како доказ како се трујат гостиварци

Големите пламени јазици и густиот чад настанале како резултат на  запалени камионски гуми. Пожарот избувнал во склад за гуми на локација кај раскрсницата за селото Здуње.

Дел од гостиварскот небо беше прекриено со густ црн чад, но со интервенција на Противпожарната единица огнот беше изгаснат и беше спречено  проширување на поголема површина и на објекти.

Надлежните извршија увид. Се очекува да се откријат  точните причини за настанување на пожарот.

 Од општина Гостивар, најавија дека на терен ќе излезат инспекциските служби и ќе преземат соодветни мерки

Вчера во Гостивар се одржа конференција на тема – „Каков воздух сакаме“? Беше истакнато дека институциите треба да обрнат повеќе внимание на решавање на проблемот со
аерозагаденоста. Инаку Гостивар е еден од најзагадените градови во држава.