Ефикасноста и важноста на Алое Верата кај различни болести – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 7:09 PM

Ефикасноста и важноста на Алое Верата кај различни болести

Алое Вера го најде своето место во терапијата за лекување на разни болести, а скорo и да е незаобиколен дел од козметичките препарати за негување на кожата. Научниците утврдиле дека гелот со екстракти од оваа билка содржат повеќе од 240 хранливи и лековити материи.

Обемното истражување покажало ефикасност и важноста на Алое Вера кај различни болести како што се намалувањето на високото ниво на шеќер во крвта. Алое Вера се покажала и делотворна во лекувањето на рани и изгореници.

Денеска скоро и да не постои препарат кој во својата содржина нема дел од оваа билка. Покрај тоа Алое Вера го зајакнува вашиот имунолошки систем, ги уништува вирусите и бактериите. Оваа билка помага и кај луѓето кои што сакаат да ги остават цигарите. Алое Вера ја подобрува работата и на бубрезите, срцето и нервниот систем.

Првите документирани извори за употреба на Алое Вера ги откриле историчарите во Египет, а нив ги користел дури и царот Соломон. Иако во светото постојат повеќе од 200 различни типови на оваа билка само 4 од нив имаат лековити својства. Тие се: Aloe ferro, Aloe saponaria, Aloe arborensis i Aloe perrvi.