Доколку ви е потребен ментален поттик веднаш упатете се во најблискиот маркет. Иако, мозокот е само 2% од телесната маса, сепак 20% од eнергетските потреби на организмот му се препишуваат нему.
Напијте се кафе, но немојте да претерувате. Мали дози кофеин го успоруваат стареењето и го подобруваат краткорочното памтење. Дивите боровинки се исто така добри за долгорочно памтење, бидејќи се богати со антиоксиданти кои ја поттикнуваат активноста на мозокот.
За подобро памтење

За концентрација
Ако пред вас имате тешка и обемна задача, веднаш отидете во рибарница. Лососот и скушата се правиот избор! Богати се со омега 3 масни киселини кои се градители на ткивото на мозокот. Исто така добар извор на концентрација е и чај од нане, самиот мирис на пеперминт разбудува, фокусира и го подига нивото на концентрација.
За енергија
Совршено мени кога ви е неопходна доза на енергија е салатата. Спанаќот и другиот зеленчукот содржат големи количини Б2, пилешкото бело месо е богато со протеини, а варените јајца дополнително ќе ја зголемат вашата енергија.
За смирување
Доколку ви е потребно нешто да се смирите и опуштите пробајте со внесување на аминокиселините лисин и аргинин. Првата ќе ја најдете во јогуртот, а втората во оревите, бадемите и лешниците. Ако сте нервозни избегнувајте засладени газирани пијалоци. Во Америја е докажано дека луѓето кои пијат повеќе од 2 чаши дневно газирани сокови имаат многу поголеми шанси да се разболат од депресија.