Министерот Едмонд Адеми на средба со здруженијата на Македонците во Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 5:50 PM

Министерот Едмонд Адеми на средба со здруженијата на Македонците во Албанија

Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска се сретна со организации на Македонци во Албанија и амбасадорот на Република Северна Македонија Данчо Марковски во Тирана, информираат од Кабинетот на министерот.

Присутните го поздравија и му честитаа на министерот Адеми за честите средби со дијаспората и подготвеноста за поддршка на Македонците кои живеат надвор.

Здруженијата на Македонците во Албанија, укажаа и на проблемите со кои се соочуваат и побараа од министерот Адеми соработката со релевантните институции на Република Албанија да го поттикнат интересот и да инвестираат во општините каде Македонците се мнозинство.

Министерот Адеми истакна дека посебно ќе се посвети на нивните барања и воедно, ги потсети присутните дека важно е што веќе е воспоставена стратешка соработката меѓу државата и дијаспората.  Како што наведе, со тоа реализацијата на активностите ќе биде полесна.

Амбасадорот Марковски им посочи на здруженијата на Македонци што работат во Албанија да бидат конкретни во своите проекти, да се приклучат, укажувајќи им дека Амбасадата е отворена за идна соработка и поддршка.