Како да се справите со пролетните алергии?! – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 5:41 PM

Како да се справите со пролетните алергии?!

Пролетта  ни е на прагот, а со неа доаѓаат и оние пролетни алергии на кои многумина реагираат со најразлични симптоми. Во почетокот на пролетта, коа се буди сета природа и цветаат пролетните булки, за многу луѓе започнува ноќната мора поврзана со пролетните алергии.

Почетната сезона им е во март, додека поленските алергии знаат да траат и до септември. Најчестите симптоми се кивање, кашлање, црвенило во очите, умор и раздразнетост.

Бројот на луѓето кои се алергични се зголемува се повеќе, а овој растеж е тесно поврзан со продолженото цветање на тревата и цвеќињата од глобалното затоплување.

Исто така загадениот воздух и околината допринесуваат во слабеењето на имунитетот на организмот. Од овие алергии жените заболуваат повеќе од мажите, и тоа на возраст од 25 до 35 години.

Склоноста кон алергиите е и наследна, доколку еден или двајцата родители имаат проблеми со пролетните алергии, веројатноста дека и вие ќе  наследите  некоја алергија е за 75% поголема.

Некој магичен лек против алергиите нема, но симптомите можат да се ублажат. Експертите советуваат дека со комбинирање на соодветна терапија и антиалергиски лекови, може да се намалат симптомите и алергиите.

Исто така, научниците препорачуваат поголема хигиена, често перење на постелнината, туширање и миење на косата бидејќи поленот највеќе се собира на косата и облеката.

Влагата и мувлата некогаш можат да ги зголемат симптомите на алергијата или алергиската астма, па се препорачува често проветрување на просториите и одржување на хигиената и во тоалетите.