Шкриниар со ветување за интересна тетоважа ако некогаш освои ЛШ со Интер – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 4:59 PM

Шкриниар со ветување за интересна тетоважа ако некогаш освои ЛШ со Интер

Дефанзивецот на Интер за кој многу екипи се интересираат, Милан Шкриниар, очигледно дека својата иднина ја планира со клубот од „Џузепе Меаца“.

За овој играч постоеа информации дека е во преговори со Челси, Јунајтед и Валенсија за трансфер, но според она што го рече или што го даде како „лудо“ ветување, очигледно дека тој се гледа во Интер во следните неколку сезони.

Во разговор со новинар од Скај Италија, Шкриниар дал ветување дека ако некогаш ја освои ЛШ титулата со Интер, тој ќе стави тетоважа со натписот „Милан Интер Шкриниар“.

Транфер вредноста на слочкиот репрезентативец се предвидува на некои 55 милиони евра.