Раководството на Реал му додели отказ на тренерот на младинскиот тим Алваро Бенито поради негативни коментари за играта на неколку фудбалери на мечот против Барселона во средата.
Тој ги анализирал Тони Крос и Каземиро за кои посочил дека се виновни за головите на Барселона, но тоа не му се допаднало на Флорентино Перес кој веднаш го избрка.
„Проблемот во Реал е тоа што има играчи кои се далеку од најдоброто ниво и не би требало да играат ниедна минута. Зборувам за Тони Крос и Каземиро“, изјави Бенито кој е тренер на тимот до 18 години.
На негово место е ангажиран легендарниот напаѓач Раул Гонзалес кој со ова ја почнува својата тренерска кариера.


