Поранешниот сопственик на штипски „Бетон“со возилото слета во Отиња – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 4:26 PM

Поранешниот сопственик на штипски „Бетон“со возилото слета во Отиња

Необична глетка денес во центарот на градот го привлече вниманието на штипјани.Во коритото на реката Отиња падна возило, за што во моментов  се калкулира како да биде извлечено откако против пожарната екипа останала немоќна со своите ресурси да го извлече на улицата  поради високите ѕидови .

Според информациите од Полицијата инцидентот се случил околу 13.10 часот на улицата ,,Маршал Тито“,во близина на штипската Гимназија, возило  со штипски регистарски ознаки управувано од седумдесет и двегодишниот И.Б излетало  надвор од  коловозот и паднало во коритото на реката Отиња.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот.Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.