Како да се дојде до системски решенија за поддршка на социјалното претприемништво во нашата држава, но и подигањето на свеста кај институциите и компаниите за начините на кои што тие можат да ги поддржат социјалните претпријатија, ова беше темата која што отвори дијалог на форумот за социјално претприемништво кој се одржа денеска.
Никица Кусиникова, од Здружението „Конект“ вели дека социјалнто претприемништво е во зародиш, за истото потребни се мерки, политики и ифраструктура.
„ Во моменот нашата правна регулатива не го препозава социјалното претприемништво како такво. Вообичаено социјалните претпријатија начесто се развиваат од граѓански организации, некогаш од задругите, но во суштина и може да прераснат и од фирма или трговец поединец. Но бидејќи се така расштркани во законите, нашата регулатива не ги препознава и поради тоа се уште не е изграден идентитет на социјално претпријатие каков што се среќава во другите земји со подолга традиција“, рече Никица Кусиникова од Здружението „Конект“.
Таа додава дека во моментов има одредена поддршка од Министерството за труд и социјална поилитика и од Министерството за економија, преку мерки за вработување ранливи категории бидејќи социјалните претпријатија вработуваат вакви лица, како и за промоција на социјалното претприемништво, но тоа не е доволно, вели таа.
„Ни треба посистематска рамка која ќе предвиди поддршка на рзлични нивоа, од поддршка на идејата да се роди социјално претпријатие до веќе поодминати фази кога тоа ќе може да се шири на пазарот и да преминува во нови дејности“, рече таа.
И додаде дека МТСП треба што поскоро да изготви Национална стратегија, а потоа и Закон за социјално претприемништво што би требало да ја утврди потребната рамка. Во моментот, нема доволно финансирање на социјалните претпријатија, подддршка за градење на капацитетите или било какво субвенционирање.


