Поради долг на неговите сопственици, германскиот град Ахрен деновиве заплени семејно куче и го продаде на лицитација за да го намири побарувањето, а тоа предизвика лавина критики во јавноста.
– Законите овозможуваат вреден имот, како расен пес, да се заплени. Елда ја понудивме за 750 евра, а добивме малку помалку. Парите се уплатени во градската благајна – рече претставникот на Градот.
Но, и поранешните сопственици, а и купувачката се незадоволни. Поранешните сопственици поради тоа што останале без Елда, семејниот љубимец, жената што го купила, пак, се жали дека кучето имало очна болест, а лекувањето чинело. Најави тужба против градот за да и’ ги намести трошоците за ветеринар.


