Турција ја спроведува досега најголемата поморска воена вежба на три мориња. Четиридневната вежба „Сина татковина“, која вклучува 103 воени бродови, почна во средата истовремено во Црното Море, Егејското Море и во источниот Медитеран.
Медиумите потсетуваат дека во спорното подрачје на источниот Медитеран, кај брегот на Северен Кипар, се откриени големи наоѓалишта на гас. Поради тоа, се очекуваат нови тензии со Грција
Турција го вознемири и НАТО, објавувајќи во вторникот дека потпишала спогодба со Рсија за купување противракетни системи С-400, наспроти американските напори да ја убеди да го купи нивниот систем „Патриот“.


