Бројот на загинатите во синоќешниот напад на бомбаш-самоубиец на екстермистичката група „Ал Шабаб“ во хотел во Могадиш, главниот град на Сомалија, порасна на 29, а уште 80 се ранети и повредени, соопшти утринава полицијата.
– Засега знаеме за 29 загинати луѓе, главно цивили, а уште осумдесетина се ранети – рече полицискиот мајор Муса Али за „Ројтерс“, додавајќи дека и понатаму е во тек пресметката на полициските сили со екстремистите во близина на местото на експлозијата, па бројот на жртви може да се зголемува.
Сомалија ја потресуваат безаконие и злосторства уште од 1991 година. Исламистичката група „Ал Шабаб“ се бори против Владата која ја поддржуваат западните сили.


