Повеќе од 500 венецуелски војници и полицајци избегале во Колумбија – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 10:27 AM

Повеќе од 500 венецуелски војници и полицајци избегале во Колумбија

Во Колумбија пребегале 567 припадници на венецуелската војска и полиција, по инцидентите кога на 23 февруари во Венецуела не можеше да влезе хуманитарниот конвој, соопштуваат од колумбиската миграциска служба. Повеќето од тие војници и специјалци влегле преку колумбиските окрузи Северен Сантандер и Араука, кои се граничат со Венецуела.

Миграциската служба, која не ги наведува чиновите на дезертерите, го обработувала секој случај поединечно и издавала привремени пропусници, а ако се процени дека нема опасност за безбедноста на земјата, ќе се води постапка и за издавање азил, истакнуваат од колумбиската служба.