Советуваме како да се откажете од пушењето – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 9:05 PM

Советуваме како да се откажете од пушењето

Ако веќе сте се обиделе да престанете со пушење, тогаш знаете дека не е баш така едноставно. Пробувате да се одвикнете од пушење заради здравствени причини или за да заштедите, еве 10 совети кои ќе ви помогнат:

  • За почеток мора да бидетецврсто решени во својата одлука. Ова можеби ви е веќе јасно, меѓутоа ако се обидувате да престанете со пушење само за да усреќите некого (партнерот, фамилијата) многу е помала веројатноста дека ќе успеете.
  • Листа на причини зошто сакате да престанете да пушите ќе ви помогне. Еве некои од нив кои може да ги земете во предвид
  • Моментални причиниза да престанете: лош здив и жолти заби; миризбата на облеката, косата и кожата; намалени физички можности; забрзано чукање на срцето и повисок крвен притисок; ги загрозувате непушачите околу себе; цената на цигарите
  • Долгорочни причини за да престанете да пушите: отровните хемикалии во димот од цигарите; опасност од заболување од рак на белите дробови и други видови; опасност од срцеви болести; проблеми со дишењето; бори; опасност од чир; кај трудниците опасно за бебето
  • Точно пресметајте колку пари трошите на цигари. Ќе се изненадите колку пари сте фрлиле на оваа навика. Имајте на ум што се сте можеле да си дозволите со тие пари
  • Забележете кога ќе ви недостига пушењето најмногу (после оброците, со кафе…). Така ќе можете да се подготвите, па дури и да планирате нешто за тоа време наместо да мислите на цигарите – отидете на прошетка
  • Откако сте се подготвиле за откажување, побарајте поддршка. Објаснете им на пријателите и семејството да ви помогнат. Ќе се зачудите колку ќе ви значи оваа поддршка. Наградете се- купите си нешто од парите кои не сте ги потрошиле за цигари.
  • Престанете да пушите од ден за ден. Немојте да размислувате на тоа како засекогаш ќе престанете да пушите. Наместо тоа речете си “Денес нема да пушам!“ и многу полесно ќе се воздржувате
  • Ако имате некој пријател кој исто така сака да се откаже од пушењето,пробајте заедно. Немојте да се натпреварувате, напротив бидете си взаемна поддршла и помош во кризните ситуации.
  • Кога ќе почувствувате потреба за цигара, направите нешто што ќе ви го одземе вниманието и ќе ви ги оттргне мислите. Земете гума за џвакање или лешници колку да имате нешто во устата и пијте многу вода и овошни сокови.
  • Исфрлете ги сите пепелници, кутии со цигари, запалки
  • Пробајте да престанете со пушење кога нема да бидете под голем стрес – на пример кога сте на годишен одмор. Ако цигарите ви биле средство за смирување во стресни ситуации најдете друг начин за борба против стресот – шетање, топла купка или техниките на дишење.