Ноќното работење штети на вашето здравје, во Данска се исплаќа оштета – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 8:59 PM

Ноќното работење штети на вашето здравје, во Данска се исплаќа оштета

Од порано постојат докази дека работењето навечер е штетно за човековото здравје, но малкумина можат да си претпостават колку е навистина сериозен тој проблем.

Данската влада од неодамна почнала да исплаќа отштетана луѓето кои после долгогодишно работење навечер се заболеле од рак.

Постапката на владата е во однос на одлуката на меѓународната агенција за проучување на ракот, која делува во склоп на Светската Здравствена Организација.

Со други зборови, работењето  навечер е подеднакво опасно како и работењето со штетни материи во хемиската индустрија.

Пореметување во спиењето, замор, стомачни болки.

Данската влада е прва во светот која почнала да исплаќа прескапа цена за луѓето кои поминале години работејќи навечер и заболеле од рак.

Од  друга страна пак, министерството за здравство на Велика Британија нарачало истражување за  последиците од ноќната работа.

Резултатите од ова истражување ќе бидат познати дури за 2 години.