Зимата со себе ни носи и суво време, кое може многу да и нашети на вашата коса. И покрај редовните препарати за коса што ги користите, исто така можете и со одредена исхрана да ја подорите состојбата на вашата коса.
Еве ви неколку совети како до поздрава коса:
*Јадете повеќе лосос или сардини. Храна богата со Омега 3, секако тука спаѓааат и бадемите, лешниците и слично.
*Витамин Б. Може да го најдете во гравот, леќата, грашок, јајца, карфиол, морков, бразилски лешници. И покрај заштитата, витаминот Б помага при растот на косата.
*Пире од авокадо. Авокадото може да го спречи дихидростестеронот кој ги спречува фоликулите на косата да стигнат до саканата цел.
*Внесувајте железо. Ослабнувањето на влакното на косата е знак дека има недостиг на железо во организмот. Спанаќот како најголем содржател на железо ни е многу добро познат, исто така тука може да се вбројат и јајцата, зрнеста храна и сувото овошје.
*Протеини. Зошто? Сопред сите истражувања косата најбрзо расте со помош на комзумација на протеини. Ако ги конзумирате, ќе имате сјајна и бујна коса.


