Конференција на тема „Каков воздух сакаме?“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 5:38 PM

Конференција на тема „Каков воздух сакаме?“

Каков воздух сакаме? е темата на конференцијата која денеска се одржа во Гостивар. Беше истакнато дека институциите треба да обрнат повеќе внимание на решавање на проблемот со аерозагаденоста.

 Пред присутните беа промовирани брошури и друг промотивен материјал со информации за изворите на загадување, колку е значајна рециклажата на сметот. Ваквите активности беа дел од проект, кој траеше четири месеци спроведен со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Германија

Интеграциите во НАТО и ЕУ носат многу предизвици, а квалитетот на воздухот е еден од нив, тоа е проблем на кој мора сите заедно да работите. Неопходно е институциите да покажат поголема ангажираност, а граѓаните повисока еколошка свест. Во овој проект во Гостивар, беа вклучени граѓански здруженија, ученици, институции и ние сме задоволни од сработеното и резултатите. Ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме вакви активности, речеТомас Герберих, Амбасадор на Германија

Од општина Гостивар истакнаа дека податоците од проектот ќе бидат искористени во понатамошните чекори за намалување на аерозагадувањето, кои ќе бидат преземени од локалната власт

Податоците и препораките коишто произлегоа од овој проект во голема мера ќе помогнат во изработувањето на локалниот Стратешки план за животна средина, што го подготвува општина Гостивар, рече градоначалникот на Госотвар Арбен ТАравари

Во рамки на проектот Каков воздух сакаме?, во осум училишта на подрачјето на гостиварската општина ќе бидат поставени посебни канти за рециклирање на отпад.

Инаку Гостивар е еден од најзагадените градови во држава.

Зоран Димовски