Во Бугарија започна казнувањето на родители на невакцинирани деца – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 5:16 PM

Во Бугарија започна казнувањето на родители на невакцинирани деца

Во Бугарија 112 родители се казнети за невакцинирање на своите деца притив морбили, објави државниот здравствен инспекторат според податоците собрани од регионалните инспекции.

Во текот на минатата година направени биле 16.000 проверки. Казните се од 50 до 100 лева, а санкции има и за доктори.

Епидемијата на морбили тргна од Украина, продолжи и во Романија, Франција, Италија и Грција, а во последно време и во Македонија.

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само во Скопје беа регистрирани 15.000 невакцинирани деца.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) објасни дека се уште нема казни поради недостиг на податоци од вакциналните пунктови.