Последната недела најголем број заболени од грип во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 1:37 PM

Последната недела најголем број заболени од грип во Кавадарци

Честите промени на времето условија зголемено ширење на грипот, велат лекарите. Минатата недела се евидентирани најмногу нови заболени оваа сезона.  И понатаму најпогодени се лицата на возрасто од 15 до 64 години.

„Минатата недела имаме регистрирано 431 лице заболено од грип. Вкупната бројка оваа сезона е 1041 заболен. Не станува збор за нешто алармантно. Сме имале години и кога бројот бил далеку поголем“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Тој нагласува дека оваа сезона е карактеристично тоа што помасовно вируост на грип започна да се шири подоцна.

Поради најавите на метеоролозите за затоплување, а потоа и за нов поладен бран, епидемилозите велат дека ширењето на грипот ќе продолжи.