Предлог-законот за истополови заедници вчера доби поддршка во Одборот за човекови права на Собранието на Црна Гора, пренесува РТЦГ.
Доколку биде усвоен и во Собранието, една година потоа на истополовите двојки во Црна Гора ќе им биде и со закон овозможено да ги уживаат истите права како и на мажите и жените што живеат во брачна или вонбрачна заедница.
При гласањето во Одборот, единствено воздржани биле Мирсад Муриќ од ДПС и Неџат Дрешевиќ од Бошњачката партија.


