Црна Гора: Зелено светло за истополови бракови – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 1:32 PM

Црна Гора: Зелено светло за истополови бракови

Предлог-законот за истополови заедници вчера доби поддршка во Одборот за човекови права на Собранието на Црна Гора, пренесува РТЦГ.

Доколку биде усвоен и во Собранието, една година потоа на истополовите двојки во Црна Гора ќе им биде и со закон овозможено да ги уживаат истите права како и на мажите и жените што живеат во брачна или вонбрачна заедница.

При гласањето во Одборот, единствено воздржани биле Мирсад Муриќ од ДПС и Неџат Дрешевиќ од Бошњачката партија.