Полицијата утрово ги лиши од слобода лицата Ј.С. и Е.С., шалтерски работници во одделението за даноци на Град Скопје.
Според првичните информации од МВР, приведените се осомничени за злоупотреба на службена должност, за компјутерски фалсификат и компјутерска измама.
Измамата се правела на тој начин што на странките им наплаќале помала сума на данок од таа што била прецизирана во решенијата и на тој начин го оштетиле буџетот на Град Скопје.


