Приведени двајца шалтерски работници во Град Скопје за даночна измама – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 1:18 PM

Приведени двајца шалтерски работници во Град Скопје за даночна измама

Полицијата утрово ги лиши од слобода лицата Ј.С. и Е.С., шалтерски работници во одделението за даноци на Град Скопје.

Според првичните информации од МВР, приведените се осомничени за злоупотреба на службена должност, за компјутерски фалсификат и компјутерска  измама.

Измамата се правела на тој начин што на странките им наплаќале помала сума на данок од таа  што била прецизирана во решенијата и на тој начин го оштетиле буџетот на Град Скопје.