Апел за помош на Венцо Велков од Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 12:54 PM

Апел за помош на Венцо Велков од Македонска Каменица

Тринаесет илјади евра чини операцијата, која претставува последна надеж за Венцо Велков од Македонска Каменица, за да може да си го врати здравјето. Освен оваа сума, потребни се средства и за пред, но и постоперативно лекување, кое семејството Велкови не може да ги обезбеди.

Тој има заболување на лумбален и друг интервертебрален диск со радиокулопатија, но осумте операции кои му се направиле досега немале ефект. Секојдневието на Венцо е болно, бидејќи тој не може да функционира нормално.

Доколку не се направи операцијата, за која се потребни финансии што тој не може да ги обезбеди, може да настане повреда и кинење на нерв, кој ќе го остави Велков без функционална лева нога, со траен инвалидитет.

Засега донации за Велков може да се донираат со телефонски повик на телефонскиот број 070-143-144 за корисниците на Телеком. Со еден повик, секој граѓанин донира 100 денари, а во текот на неделата ќе бидат поставени штандови и организирани настани од кои средствата што ќе бидат собрани ќе бидат намети за операцијата.