Весело кафуле: Сите гости секој ден се прегрнуваат со дваесетина хаски – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 12:46 PM

Весело кафуле: Сите гости секој ден се прегрнуваат со дваесетина хаски

Вљубениците во сибирски хаски во Тајланд секој ден може да уживаат во нивно друштво во единственото кафуле чии главни ѕвезди се кучиња.

Откако ќе ги изедат колачот и ќе се напијат кафе, гостите ги мијат рацете, на чевлите ставаат навлаки, за хаските да се заштитат од надворешни бактерии, и чекаат. Сопствениците на кафулето тогаш во објектот ги пуштатат дваесетината хаски кои јурнуваат кон гостите – ги прегрнуваат, скокаат, позираат, си играат со посетителите на кафулето.

Во работен ден кучињата во кафулето се пуштаат во 12.30, 15.30 и во 18.30 часот, а за викенди имало и ноќен термин за дружење на хаските со гостите.

Бидејќи Тајланд е топол, сопствениците на кафулето вградиле клима-уреди во просториите во кои ги чуваат кучињата од популарната поларна раса.