Вљубениците во сибирски хаски во Тајланд секој ден може да уживаат во нивно друштво во единственото кафуле чии главни ѕвезди се кучиња.
Откако ќе ги изедат колачот и ќе се напијат кафе, гостите ги мијат рацете, на чевлите ставаат навлаки, за хаските да се заштитат од надворешни бактерии, и чекаат. Сопствениците на кафулето тогаш во објектот ги пуштатат дваесетината хаски кои јурнуваат кон гостите – ги прегрнуваат, скокаат, позираат, си играат со посетителите на кафулето.
Во работен ден кучињата во кафулето се пуштаат во 12.30, 15.30 и во 18.30 часот, а за викенди имало и ноќен термин за дружење на хаските со гостите.
Бидејќи Тајланд е топол, сопствениците на кафулето вградиле клима-уреди во просториите во кои ги чуваат кучињата од популарната поларна раса.