Нова кандидатура за претседател – во трка и Блерим Река – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 12:48 PM

Нова кандидатура за претседател – во трка и Блерим Река

Поранешниот амбасадор на Македонија во Европската Унија во Брисел и универзитетски прoфесор, Блерим Река, потврди дека поднел кандидатура за претседател.

-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, интелектуалците само пишуваат за историјата, пишува професорот Река на Фејсбук.

Река најавува дека првично очекува поддршка од двете одпозициски албански партии – Беса и Алијанса за Албанците.