Зоолошката во Загреб побогата за едномесечно мече пронајдено во Горски Котар – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 12:43 PM

Зоолошката во Загреб побогата за едномесечно мече пронајдено во Горски Котар

Возач од Купјак вчераутро случајно пронашол осамено мече во Горски Котар на старата магистрала Риека – Загреб. Веднаш ги повикал надлежните служби. Мечето било однесено во Зоолошката градина во Загреб и веднаш прегледано од ветеринари, пишуваат хрватски медиуми.

Мечето е нешто постаро од еден месец и тежи 2,4 килограми. Покажало добар апетит, но бидејќи е многу младо и уште долго требало да биде врзано за мајката, неизвесно е дали се’ ќе оди добро со неговиот развој.