„Ако Трамп ги загуби изборите во 2020, нема да има мирен трансфер на власта“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 11:34 AM

„Ако Трамп ги загуби изборите во 2020, нема да има мирен трансфер на власта“

Доколку Претседателот на САД, Доналд Трамп, загуби на изборите во 2020 година, неговиот наследник нема да може мирно да ја преземе контролата врз Белата куќа, смета поранешниот адвокат на Трамп, Михаел Коен.

– Знаејќи го своето искуство со Трамп, се плашам дека, ако загуби на изборите, нема да има мирен пренос на власта – рече тој во сведочењето пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, пренесува „Ројтерс“.