Американски генерал: САД не можат да соборат руски ракети – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 11:26 AM

Американски генерал: САД не можат да соборат руски ракети

САД не можат да им се противстават на руските ракети, така што е неопходно да се продолжи спогодбата СТАРТ-3 со Москва, смета началникот на Стратегиската команда на Вооружените сили на САД, генерал Џон Хајтен, истакнувајќи дека најголема опасност биле новите крстосувачки и суперсонични ракети, како и беспилотното летало „посејдон“.

Говорејќи во американскиот Сенат, рекол и дека сега и во следните десетина години нацијата може да се одбрани, но оти се грижи за потоа, истакнувајќи дека треба да се зголемат расходите за модернизација на системите.