Самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и водачот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, заврши без договор, објави Белата куќа.
“Во овој момент не е постигнат договор, но тимовите се надеваат на средба во иднина”, се вели во соопштението на портпаролката Сара Сандерс.
Имаше некои очекувања дека Трамп и Ким ќе објавјават договор за горливото прашање за нуклеарно разоружување.
Ким изјави дека неговото присуство укажа на неговата подготвеност за разоружувањето.
-Ако не сакам да го направам тоа, јас не би бил тука токму сега”, изјави тој пред новинарите во четвртокот.
-Тоа може да биде најдобриот одговор што сте го слушнале”, одговори Трамп.
Оригиналната програма на Белата куќа за тој ден планираше за “Заедничка церемонија за потпишување на договори”, како и работен ручек за двајцата водачи, но очекувањата беа нагло прекинати со откажувањето на двете.
Ова го потврди америкнанскиот претседател Трамп на прес конференцијата во Белата куќа што заврши пред малку.
-Можев да го потпишам договорот, но вие ќе речевте, колку лош договор, колку лоша работа тој направи, но, треба да бидете подготвени за да си заминете. Имаше потенцијал да се потпише нешто, можев и 100% да потпишам нешто, ние всушност ги имавме хартиите подготвени за потпис. Едноставно не беше во ред. Подобро ништо да не се потпише, отколку да се потпише нешто во брзање, рече Трамп.
Постои несигурност околу тоа што точно обете значи со денуклеаризација. Вашингтон претходно изјави дека Северна Кореја мора еднострано да се откаже од своето нуклеарно оружје, пред да може да има олеснување на санкциите.
Прес службата на Белата куќа објави дека севернокорејскиот лидер и американскиот претседател имале искрен и темелен разговор во Ханој, за да го подготват патот за сеопфатни и суштински резултати од втората средба.


