Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска на прес-конференција ќе презентира две анализи посветени на состојбата со работничките права во земјава.
Ќе бидат презентирани анализата на стандардите за работнички права и нивна примена во Република Северна Македонија, од автор(к)ите: д-р Мирјана Најчевска, д-р Анета Цекиќ, д-р Ана Блажева, д-р Јордан Шишовски и м-р Соња Стојадиновиќ. и анализата на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во Република Северна Македонија, од автор(к)ите:м-р Кире Василев, Мариглен Демири, Наташа Нешевска и Никола Штериов.
Двете анализи се подготвени во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Македонија”, финансиран од Фондот за добро владеење на Велика Британија. Мислењата и ставовите наведени во анализите, како и на овој настан, стои во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права, не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.


