Јавниот простор во Тетово не е е безбеден за жените, покажа студијата за родово заосновано насилство. Како главна причина за ваквата состојба од коалицијата „Маргини“ ја посочуваат лошата инфраструктура во градот.
Тетово каде нема доволно улично осветлување, се помалку јавен простор и кучиња скитници го прави небезбеден јавниот простор посебно за жените. Тие се помалку се одлучуваат да го користат овој простор, поради страв од напади ограничувајќи ја така нивната слобода.
Од националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, велат дека жените немааат безбедност и во нивниот дом.
Од националната мрежа против семејно насилство, потенцираат дека загрижува фактот што во Македонија има само 6 шелтер центри од кои со 4 раковоиди државата а со две невладините организазии. Вакви центри има само во Скопје Битола, Кочани и Свети Николе.
Зоран Димовски


