Еднострано информирање, мешање на факти со мислења, говор на омраза, дискриминација по разни основи, се најчестите прекршувања на кодексот на новинари на Македонија, констатириа Советот за Етика во медиумите на основа на преставките кои пристигнале до нив.
Советот за етика во медиумите, одржа отворен ден во Гостивар каде ги изнесе жалбите на граѓаните поднесени до нив, поради прекршувања на кодексот на новинари.
Целта на ваквите отворени денови кои ги има во сите градови во државата, е да се потикнат граѓаните да реагираат на непрофесионално и неетичко информирање.
.
Таа додаде дека со саморегулацијата се постигнува заштита на новинарството како професија.
Советот за етика во медиумите е формирано пред 4 години, и досега има донесено 290 одлуки кои не се обврзувачки.
Зоран Димовски


