СВР Штип:Од 27 контролирани возила за јавен превоз 10 биле со неисправни сопирачки – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 2:26 PM

СВР Штип:Од 27 контролирани возила за јавен превоз 10 биле со неисправни сопирачки

Во текот на вчерашниот ден  во периодот  од  7.00 -10.00 часот Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Од извршената контрола на 27 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз кај 10 е утврдена неисправност на уредот за запирање.Овие возила се исклучени од сообраќај, упатени на вонреден технички преглед и издадени им се прекршочни платни налози.