Црногорка прослави стоти роденден: Родила десет деца, војувала на Сутјеска, се запознала и со Тито – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 1:36 PM

Црногорка прослави стоти роденден: Родила десет деца, војувала на Сутјеска, се запознала и со Тито

Зорка Врбица десетте деца ги родила сама, а четири од нив погребала. Како девојка, му помагала на татка си да извлекува дрвја и граѓа од шумата, во НОВ војувала и на Сутјеска, чувала овци, кози и говеда, животот ја носел и до далечната Америка, но се вратила во Даниловград, каде што го прослави својот стоти роденден, пишуваат црногорски медиуми.

– Двесте години полнам, не сто. Така треба да се смета, бидејќи работев ден-ноќ. Десет деца родив, а не сум била на лекар. Во војната, кога е најтешко, запознав многу добри луѓе. Доаѓаше и Тито, сум му варела кафе. Беше добар човек – раскажува Зорка.

Родена е на 24 февруари 1919 година во угледното црногорско семејство Мартиновиќ. Сега има 14 внуци, 26 правнуци и шест пра-правнуци.