Британската амбасадорка во посета на Штип – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 12:10 PM

Британската амбасадорка во посета на Штип

 

Новата амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, денеска е во посета на Штип. Претпладното со штипскиот градоначалник, Благој Бочварски, го посети и мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ и спомен-собата на првиот македонски претседател во него.

– Првпат сум во Штип. Имавме интересен разговор со градоначалникот, а посебна чест ми е што сега сум во спомен-собата на Киро Глигоров, еден од големите лидери и човек што потекнува од овој град – истакна Галовеј.

Таа најави и натамошна соработка меѓу двете земји и британска поддршка за некои проекти.

– Еден од тие проекти е од сферата на образованието – работа на ран детски развој во градинките низ целата држава и работа со учениците во основните училишта за подобри дигитални вештини за да бидат подготвени на новите економски предизвици, за Македонија во иднина да има подобра сила на пазарот на трудот – рече Галовеј.