Руски суд вчера ги осуди поранешниот офицер во Сојузната служба за безбедност, Сергеј Михајлов, на 24 и стручњакот вработен во руска компанија на кибернетска сигурност, која има филијали во повеќе земји, меѓу кои и во САД, Руслан Стојанов, на 14 години затвор.
Тие се прогласени за виновни за предавство, а се уапсени во декември 2016 година, откако САД ја обвинија Русија за обид за вмешување во американските претседателски избори.


