Додик: Референдум за отцепување од БиХ ако на Уставен суд дојде до промена на името на РС – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 9:46 AM

Додик: Референдум за отцепување од БиХ ако на Уставен суд дојде до промена на името на РС

Ако иницјативата на СДА за промена на името на Република Српска дојде пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина, РС ќе распише референдум за одвојување од БиХ, истакнува претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Гостувајќи во емисијата „Прашалник“ на РТС, Додик потсетил дека и партиите на власт и тие од опозицијата во РС и порано кажувале дека РС ќе преземе мерки за утврдување на својот статус ако иницијативата на СДА дојде на Уставен суд.

– За да нема никакви дилеми што би било тоа – ние ќе спроведеме референдум и ќе се одвоиме од БиХ – порача Додик