„ЕУ за ТЕБЕ” повторно патува: Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 8:42 AM

„ЕУ за ТЕБЕ” повторно патува: Кочани

Амбасадорот Самуел Жбогар и раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, денеска ќе го посетат Кочани во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”.

Кочани е втората дестинација во серијата посети фокусирани на младите, за време на кои амбасадорот Жбогар и младите луѓе ќе дискутираат и ќе разменат мислења за Европската Унија.

Локалната НВО Младински Образовен Форум (МОФ) е исто така составен дел на серијата дебати со младите. МОФ води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување”.

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Бертолини во оваа прилика ќе одржи работилница на која ќе ги презентира фондовите на ЕУ, со инструкции како тие подобро да бидат искористени.