Видео од тензичниот момент меѓу Џафери и Зекири – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 9:12 PM

Видео од тензичниот момент меѓу Џафери и Зекири

Во тензична атмосфера заврши седницата на Собранието за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски. Кулминацијата беше достигната во моментот кога на говорница беше координаорот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски, а од место кон претседателот на Собранието реагираше пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири. Колешката до него го фати Зекири за рака за да не тргне кон Џафери и го држеше се додека не седна. ВМРО ДПМНЕ побара пауза, по што Џафери ја прекина седницата, која повотрно не продолжи и со тоа се спаси Вељаноски. Џафери кажа дека Зекири го навредил и пцуел, Зекири негираше. Од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека ги употребиле сите деловнички можности да не дојде до гласање,додека владејачката колација невешто постапи и не успеа да го искористи пропишаното време за гласање. Последиците и’ се познати на  јавноста.


Видео:Тетова сот