Аријана Гранде најпопуларна на Инстаграм: Има 146 милиони следбеници – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 5:57 PM

Аријана Гранде најпопуларна на Инстаграм: Има 146 милиони следбеници

Слатка и неодолива, но и со извонреден талент, славната Аријана Гранде стана најследената женска личност на социјалната мрежа „Инстаграм“, со 146 милиони следбеници.

Со оваа бројка Гранде ја симна од престолот Селена Гомез која има неколку илјади следбеници помалку од неа.

„Колку и да сум благодарна на тоа што социјалните мрежи им даваат глас на сите, исто така сум благодарна што можам да застанам и да го живеам животот во дадениот момент“, изјави Селена во септември, минатата година.

Што се однесува до посилната половина, Кристијано Роналдо е се уште најследената личност на оваа социјална мрежа со 155 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

🦢

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on